Ваучерот од 350 илјади денари за олимпискиот медалист, Дејан Георгиевски ќе биде корегиран, по реакциите на одлуката на Агенцијата за млади и спорт.
Македонскиот таеквондист кој го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Токио реагираше преку социјалните мрежи, на што доби голема поддршка од останатите.
Поради сето тоа, од Агенцијата за Млади и Спорт односно претседалот Наумче Мојсовски за „Фокус“ кажа дека тоа ќе биде поправено.
„За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе имаме комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања“ изјави Мојсовски.