Ана Курникова повеќе од 20 години е надвор од тенискиот терен, но секогаш кога ќе се појави, предизвикува посебно внимание. Русинката никогаш не освои гранслем-турнир, а најмногу што стигна на ВТА-листата е осмото место. Сепак, поради нејзината убавина, таа беше една од најпопуларните тенисерки во тоа време.
Откако се повлече од активното играње, таа се повлече од јавниот живот и ретко се појавува. Сега има 44 години, а од активното играње се повлече точно пред 22 години. Таа има три деца со прославениот пејач Енрике Иглесијас.
За Денот на вештерките, Курникова се маскираше заедно со своите три деца, а Ана беше толку добро маскирана што никој не можеше да ја препознае.
View this post on Instagram