Ананиѕе е херој и во пораз, му го спаси животот на Шер

Грузија загуби од Швајцарија со 0-2 во Тбилиси, но Јано Ананиѕе е јунакот на квалификациското коло за пласман на ЕП 2020 година и покрај поразот на својата репрезентација.

Ананиѕе реагираше храбро и навремено при еден дуел на Фабијан Шер и Џемал Табиѕе и му го спаси животот на швајцарскиот репрезентативец.

Шер падна во бесознание, а јазикот му се заглави во грлото. Веднаш до него дотрча Ананиѕе и успеа да го заврти на страна ривалот на теренот и да му го одглави јазикот за да не се загуши. Потоа работата је презеде медицинскиот тим на гостинската репрезентација. Шер успеа комплетно и брзо да се закрепне и да го продолжи мечот. Најмногу благодарение на вистинскиот јунак во квалификациите, Јано Ананиѕе.

 

- Оглас -

Најнови вести