9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Беше на три поени од победата, го провери мобилниот телефон, па загуби (Видео)

Иго Умбер се најде во центарот на незапамтен скандал. Засега се работи само за сомнеж, и тоа поради потегот што го направи во француската пресметка против Адријан Манаринo на турнирот во Монпелје.

Беше 1:1 во сетови и тај-брејк во третиот сет. Умбер водеше со 4:3 во поени, кога ненадејно реши да застане со игра, дојде до својот агол и го зеде мобилниот телефон. По неколку секунди се врати и мечот продолжи, а Манаринo ги освои следните четири поени и го победи Умбер.

Поради овој потег низ социјалните мрежи започнаа шпекулации и сомнежи дали тенисерот добил некаква информација на мобилниот телефон или случајно ги загуби следните четири поени, а со тоа и мечот.

Речиси два милиони луѓе веќе ја имаат видено оваа снимка со необичниот момент.

- Оглас -

Најнови вести