Анчелоти: Белингам е уникатен фудбалер

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е задоволен од прикажаната игра на Џуд Белингам во првото коло од новата сезона во Ла Лига против Атлетик Билбао. Кралевите како гости славеа со 2:0 против Атлетик, а Белингам го постигна вториот гол на натпреварот.

„Белингам е уникатен фудбалер. Овој систем на игра му одговора и тоа се виде на натпреварот“, изјави Анчелоти.

Италијанецот прокоментира и за наследникот на Тибо Куртоа, кој се повреди на последниот тренинг пред стартот на сезоната. Куртоа ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото поради што ќе ја пропушти целата сезона, а шпанските медиуми објавија дека Кепа Аризабалага ќе биде неговиот наследник.

„Лунин одработи одлична работа против Атлетик. Беше сконцентриран и влучен во мечот. Кепа се уште не е голман на Реал Мадрид. Јас не зборувам за фудбалери кои не се членови на Реал“, додаде Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести