Анчелоти донесе добри вести за навивачите на Реал Мадрид пред дуелот со Атлетико

Реал Мадрид е единствен со максимални 15 бодови од пет меча во шпанското првенство, а пред Кралскиот клуб сега е голем предизвик, а тоа е гостувањето кај градскиот ривал Атлетико. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти на денешната прес конференција зборуваше околу подготвеноста на играчите за дербито и донесе две добри вести.

„Утре нѐ чека многу важен меч. Атлетико е голем ривал, но ние сме подготвени и едвај го чекаме дуелот. Винисиус 100 отсто ќе биде во тимот. Не знам дали ќе го почне дуелот, но подготвен е. Џуд Белингам истотака е подготвен и ќе игра. Дури и да не игра, нема да плачам“, рече Анчелоти со насмевка на лицето, кој додаде дека секогаш со нетрчение го чека градското дерби.

Атлетико Мадрид одигра само четири меча во кои освои седум бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести