Анчелоти: Еден бод е подобар од ниеден, лично ќе разговарам со Камавинга и Карвахал

Ништо позитивно не може да се најде кај Реал Мадрид после ремито 1-1 против слабиот, но и борбен Рајо Валјекано, а не мисли така и тренерот Карло Анчелоти.

„За да ја освоите лигата, важно е натпреварите што не можете да ги добиете, да не ги загубите. Понекогаш има ремија кои болат, не се радуваме денеска, но на крајот тоа може да биде позитивен чекор и да ни помогне да ја освоиме лигата. Не е лесно да се игра тука, теренот е пократок. Мора да играте друга игра. Почнавме многу добро, но пеналот промени сè“, изјави Анчелоти.

Дополнителен проблем за Реал е што Даниел Карвахал кој влезе во финишот, доби два жолти картони (едниот за протест), па беше исклучен, а поради протест кон судијата пожолте и Едуардо Камавинга кој истотака нема да може да игра во следното коло кога Реал ќе ја пречека Севилја.

„Ќе зборувам за тоа на лично ниво со играчите. Ова беше натпревар со многу дуели, многу борба, малку протест и може да се разбере“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести