Анчелоти ги збуни новинарите: Очекував тоа да ме прашате, ама штета

Реал Мадрид утревечер ќе гостува кај Брага во меч од третото коло во групната фаза од Лигата на шампиони. Кралскиот клуб има максимални шест бода и со евентуален нов триумф, патот кон нокаут фазата ќе биде широко отворен.

„Утре ќе имаме одлична можност да се приближиме кон вториот круг од натпреварувањето. Брага игра добар фудбал, сакаат да ја имаат топката, да напаѓаат, да доминираат. Затоа, мораме добро да се браниме. Тоа ќе биде клучно. Имаме одличен индивидуален квалитет и тоа треба да го искористиме. Ова натпреварување е многу важно за клубот, за фудбалерите, за тренерите, за навивачите“, рече Анчелоти, кој на крајот од прес конференцијата ги збуни новинарите.

„Зарем нема повеќе прашања? А јас дојдов си идеја да ви ги издиктирам стартните 11 со кои ќе почнам против Брага, но никој тоа не ме праша, па нема да ги кажам!“, рече Анчелоти.

Според некои калкулации, Реал Мадрид ќе игра со комбиниран тим затоа што Кралевите веќе следниот викенд ги чека големото Ел Класико против Барселона.

- Оглас -

Најнови вести