Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека не брза со потпишување на нов договор со Кралевите. Актуениот договор му истекува на крајот од сезоната, а шпанските медиуми пишуваат дека управата на Реал Мадрид веќе му подготвила нов договор.
„Да се биде тренер на Реал Мадрид е најважната работа. Доколку клубот е среќен, тогаш среќен сум и јас. Нема потреба од брзање да го обновам договор. Тоа не е проблем за мене, јас сум тука до 30 јуни 2024 година“, изјави Анчелоти.
Медиумите го поврзуваат Анчелоти и со клупата на бразилската репрезентација. Минатата година Тите си поднесе оставка во разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар, а Бразилците го назначија Фернандо Динис за селектор и му дадоа едногодишен договор кој ќе истече во јуни идната година, точно кога ќе му заврши и договорот на Анчелоти со Реал Мадрид.