Анчелоти: „Халанд воопшто не ми беше важен“

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа 1-1 на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а Халанд беше речиси невидлив на теренот и не успеа да постигне погодок.

Тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, по натпреварот изјави дека фокусот воопшто не бил ставен на младиот норвежанец.

„Модриќ и Крос се родени за големи натпревари како што беше овој. Тие ја водеа екипата против Сити. Таквите играчи се клучни на вакви натпревари. Секоја чест за помладите Камавинга, Родриго и Винисиус, но Модриќ и Крос ја дадоа клучната помош, како и секогаш. Воопшто не се фокусиравме на Халанд. Побитно ни беше да ги сопреме Де Бројне и Гундоган. Модриќ, Крос и Валверде направија одлична работа.“

- Оглас -

Најнови вести