30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Анчелоти има една добра и една лоша вест поврзана со Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа славеше со 2:0 против Валенсија и се врати на пет бода заостанување зад Барселона, која е лидер во првенството на Шпанија. Трите бода против Валенсија, Реал Мадрид ги „плати“ со повреди на двајца стартери, Карим Бензема и Едер Милитао.

Милитао се пожали на болки во препоните, а Бензема има истегнување на бутниот мускул на ногата. Тренерот Карло Анчелоти објасни дека Бензема е добро, но дека Милитао ќе го пропушти следниот меч.

„Повредата на Бензема не е опасна, додека ситуацијата со Милитао е посериозна. Бразилецот нема да биде во составот на Реал за следниот меч против Мајорка“, соопшти италијанскиот стратег.

По дуелот со Мајорка, за Кралскиот клуб ќе започне и еден пеколен период кога ќе играат многу важни натпревари во неколку различни натпреврувања. 

- Оглас -

Најнови вести