Реал Мадрид го очекува пеколен ритам: Настап на СП, а потоа Ливерпул, Атлетико и Барселона за седум дена!

Реал Мадрид кисираше на свој терен откако одигра само 0:0 против Реал Сосиедад и сега заостанува пет бода во однос на Барселона во трката за титулата на шпанското првенство. Кралевите кои играат дури на четири фронтови, сега ги очекува најтешкиот дел од сезоната.

Вчерашната ждрепка од Купот на Шпанија ги спои Барселона и Реал Мадрид во полуфиналето, а првиот меч кој требаше да се игра на 7 февруари е одложен за подоцна, и тоа поради фактот дека Кралевите на 8 февруари ќе играат во полуфиналето од Светското клупско првенство.

Противникот на Реал на Светското клупско првенство уште не е познат, а доколку победи, ќе игра и во финалето за светскиот трон. По враќањето од Светското клупско првенство, Реал ќе игра против Елче дома, потоа на гости кај Осасуна, а потоа следува „најлудата“ недела.

Само во седум дена, Реал ќе треба да одигра три дерби-дуели во три различни натпреварувања. На 21 февруари Реал ќе гостува на „Енфилд роуд“ кај Ливерпул во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони. Потоа следува меч против Атлетико Мадрид во првенството, а на 1 март ќе ѝ биде домаќин на Барселона, во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот куп.

И периодот потоа нема да биде лесен за Реал. Го чека дуел против Бетис, потоа меч против Еспањол, па на 15 март е реваншот против Ливерпул во ЛШ, а на 19 март има ново Ел Класико против Барселона во првенството, и тоа на „Камп ноу“.

Пеколен е периодот кој следува за Реал Мадрид, но Кралевите во претходните години покажале дека можат да се носат со секакви предизвици.

- Оглас -

Најнови вести