Анчелоти има едно барање за играчите на Реал: Отсега ќе ме нарекуваат доктор Карло

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има нова титула, овојпат освоена надвор од фудбалските терени.  Универзитетот во Парма му додели титула на почесен доктор во областа „наука и методи на превентивна и адаптибилна физичка активност.

Анчелоти, не посетуваше настава туку титулата ја доби благодарение на неговата блескава тренерска кариера.

 

„За мене спортот е одлично животно школо. Некои луѓе ќе ви кажат дека сум положил неколку тестови, но во реалноста земав многу, а сега добивам уште повеќе. Ќе им кажам на своите фудбалери да ме нарекуваат доктор“, рече Анчелоти на свечената церемонија на која ја доби новата титула.

- Оглас -

Најнови вести