Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одамна „знаеше“ дека во финалето на Купот на Шпанија ќе се сретнат Реал и Осасуна, или ако ништо друго, се покажа како одличен прогнозер.
Анчелоти на 18- февруари на колегата Хагоба Арасте од Осасуна му кажа: „Се гледаме во финале на Купот.“
https://twitter.com/i/status/1627793215729332228
Ветено-сторено. На 6 мај во Севилја, во финалната битка за трофејот во Купот на Шпанија ќе се борат Реал и Осасуна.