Тимот на Ферари заглави во Доха, дали ќе има одложување на стартот на Ф1 сезоната!?

Новата сезона во Формула 1 шампионатот е на прагот, но работите не одат според посакуваното. Според распоредот, в петок треба да започне тренигот во Мелбурн, но проблем е дали сите клубови ќе може да стигнат навреме.

Тимот на Ферари моментално е „заглавен“ во Доха и засега не може да го продолжи патот кон Мелбурн затоа што е затворен воздушниот простор над оваа земја.

Претсезонските тестирања на болидите се одржа во Бахреин, а дел од екипите останаа на Блискиот Исток за да ги завршат сите подготовки пред стартот на новата сезона. Сепак, по ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран и воздушните напади кои се случија во дел од земјите кои се обележани како поддржувачи на САД беше затворен воздушниот простор во тој дел од светот.

Токму затоа дел од болидите, опремата, логистичката поддршка, но и луѓето останаа „заглавени“ и се во трка со времето дали ќе може навреме да се преселат во Мелбурн, каде што според планот, треба да започне новата сезона.

Доколку ситуацијата не се смири во скоро време, Ф1 повторно може да има проблем околу календарот затоа што според планот, Бахреин треба да биде домаќин на Ф1 викендот од 10 до 12 април, додека трката во Саудиска Арабија треба да биде од 17 до 19 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести