Анчелоти: “Кој му дозволи на Родриго да шутира пенал?“ (Видео)

Реал Мадрид ја продолжи победничката низа на стартот на Ла Лига и ја совлада Селта Виго на гости со 0-1, но “кралевите“ на 0-0 промашија пенал. Тоа предизвика бес кај Карло Анчелоти кој реагираше нервозно и го фрли шишето со вода кое го држеше во рака додека Родриго го изведуваше пеналот.

После натпреварот Карло Анчелоти беше лут поради пеналот, бидејќи според договорот требало да шутира Лука Модриќ, а не Родриго.

– “Се знае хиерархијата за изведување на пенали. Винисиус е прв, а Модриќ втор. Откако Вини излезе од игра поради повреда, а Модриќ беше во игра, тогаш пеналот треба да го изведе Лука. Тој тоа го знае и мораше да го изведе. Меѓутоа тоа го направи Родриго. Не знам зошто Модриќ му го дозволи тоа, кога се знае дека тој е изведувачот и тоа му го кажав и пред пеналот, дека мора тој да шутира. Играчите не одлучуваат кој ќе шутира, туку јас!“ – луто одговори италијанецот на новинарско прашање после натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести