Анчелоти критикуваше, но и призна: Јас сум највиновен за поразот!

По очајното издание и поразот на Реал Мадрид против Атлетико, во Кралскиот клуб се бараат причините и виновниците за она што се случи синоќа.

Тренерот Карло Анчелоти беше незадоволен од одбраната, рече дека трите гола биле фотокопија еден на друг, а призна дека и тој има вина за поразот.

„Не се браневме добро како што обично го правиме тоа. Трите гола беа фотокопија, централните дефанзивци не беа добро поставени. Модриќ беше стартер за да ја имаме повеќе топката и да одмори Чуамени, а тоа што го извадив на полувреме, не значи дека него го обвинувам за поразот, иако и Лука одигра лошо како и останатите. Не мислам дека формацијата беше проблем, туку слабоста на одбраната. Кога тимот игра слабо, моја е одговорноста и вината. Не е проблем, мене нека ме обвинуваат, можам да трпам критики“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести