Анчелоти: Лесно е да се објасни ситуацијата за која Баерн се буни

Карло Анчелоти испишува историја во Лигата на шампионите. Тој е првиот тренер кој успеал дури шестпати да стигне до финалето во елитното европско натпреварување. Ниту еден друг тренер нема повеќе од четири финалиња (Марчело Липи, Алекс Фергусон, јирген Клоп и Мигел Муњос), додека Дон Карло сега по шести пат ќе се бори за трофејот.

Италијанскиот стратег беше пресреќен за победата над Баерн Минхен, а кратко се осврна и на контроверзниот момент кој се случи во финишот на средбата кога гостите постигнаа гол за 2:2, но судијата покажа дека имало офсајд неколку моменти претходно.

„Барем таа ситуација лесно е да се објасни. Дури и да немаше офсајд, судијата го досуди пред да биде постигнат голот. Во моментот на судискиот свиреж моите фудбалери престанаа да играат и тоа е тоа“, рече Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести