Јокиќ: „Загубивме од најдобрата одбрана во НБА-лигата, не знам дали ќе играм за Србија“

Актуелниот НБА-шампион, Денвер нагетс, доживеа шокантен пораз на домашен терен во мајсторката од Минесота и нема да го брани трофејот. Никола Јокиќ на прес-конференцијата му честиташе на противникот и вели дека заслужено се пласираа во конференциското финале.

„Погодија сè, имаа многу офанзивни скокови, а ние промашувавме од чисти позиции. Се случува некогаш и да промашиш, но ние денес промашувавме многу. Не е само до нас, играа добра одбрана и затоа се најдобри во тој сегмент во НБА-лигата. Тешко е да се одбрани титулата бидејќи другите екипи се гладни и секој сака да нѐ победи“, рече Јокиќ.

На крајот неизбежно беше прашањето дали сега, откако рано ја заврши сезоната, ќе игра за Србија на Летните олимписки игри во Париз.

„Не знам пријателе, ќе видиме. Мора убаво да размислам“, рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести