Анчелоти: Модриќ не е среќен, ова е необична ситуација за него

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на денешната прес-конференција кажа дека Лука Модриќ не е баш среќен со улогата на резервист која ја има сезонава, но и пред да го продолжи договорот со Реал, знаел каков ќе му биде статусот.

Анчелоти преферира во средниот ред да игра со младите сили Чуамени, Камавинга, Валверде и Белингам, а ветераните Крос и Модриќ да влегуваат од клупа.

Утре Реал гостува кај Селта и не е исклучено Модриќ да биде стартер, а Анчелоти потврди дека на голот ќе биде Кепа Аризабалага, кој ќе дебитира како голман на Реал.

„Лука не игра колку што е навикнат да игра и затоа не е среќен, но добар е. Модриќ останува играч со голем придонес за тимот, но со помала минутажа од порано“, рече Анчелоти.

Италијанскиот стручњак ја затвори вратата за Килијан Мбапе и рече дека нема да има веќе трансфери во Реал во овој преоден рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести