Анчелоти: Не му објаснив на Модриќ зошто не го ставив во игра, јасно му е!

После поразот на Реал Мадрид од Атлетико во неделата, се појавија шпекулации дека претседателот Флорентино Перес му се лутел на тренерот Карло Анчелоти зошто го става ветеранот Лука Модриќ во почетниот состав, а синоќа Модриќ против Лас Палмас воопшто не влезе во игра и многумина се прашуваа дали Перес имал влијание врз одлуката на Анчелоти.

Италијанскиот стручњак ги расчисти дилемите.

„Модриќ и Белингам се пожалија за замор. Решив да им дадам одмор за да избегнеме проблеми. Не разговарав со Лука, нема потреба, играчите сами разбираат зошто ги ротирам. Не сум фан на големиот посед на топката, фан сум на постигнувањето голови“ – рече Анчелоти.

Брахим Дијаз кој го даде првиот гол на мечот во победата од 2-0, играл со изместено рамо, повреда здобиена против Атлетико. Решил да ризикува и покрај болките, и му се исплатеше.

Лоша вест за Кралскиот клуб е повредата на Давид Алаба, па сега ротацијата во одбраната е уште поскратена. Денеска треба да се знае колку време ќе паузира Австриецот, но колку и да е, може да биде проблем, бидејќи на тимот само во следните седум дена му претстојат две тешки гостувања кај разиграната Жирона и италијанскиот првак Наполи.

- Оглас -

Најнови вести