Анчелоти: „Ни недостасуваше Рафиња, со него ќе изгледаме поинаку“

Бразил одигра без голови, 0-0, против Еквадор на гости на деби мечот на Карло Анчелоти на селекторската позиција. „Кариоките“ на овој меч го немаа на располагање Рафиња, кој мораше да паузира поради акумулирани жолти картони.

Анчелоти кој до пред некој ден беше тренер на Реал Мадрид и голем ривал со Барслона, екипа за која настапува Рафиња, сега очекува голема промена во играта на „кариоките“ на мечот против Парагвај, кога во составот ќе го има и Рафиња.

„Сигурен сум дека со време нападот ќе се подобрува, а денес ни недостасуваше еден многу важен играч. Станува збор за Рафиња, кој ќе се врати. Натпреварот со Парагвај ќе биде поинаков, затоа што на него ќе добиеме можност да ја контролираме играта. Темпото, движењето на играчите и динамиката треба да бидат поинакви. Имаме многу квалитетен тим и дури и ако немаме доволно време за работа, потенцијалот сè уште е присутен.“ – рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести