Анчелоти одговори на прозивките од Барселона: Сите добро знаат што се случуваше изминатите 23 години

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на денешната прес-конференција пред дуелот со Лас Палмас, одговори на прозивките кои изминатите денови доаѓаа од тренерот и претседателот на Барселона, Чави Ернандес и Жоан Лапорта.

Минатата недела Кралевите ја совладаа Алмерија со 3:2, но директно влијание во резултатот имаа судиите во ВАР-собата кои според луѓето од Барселона му помогнале на Реал да слави.

„Оваа седмица многу се зборуваше. Мислам исто како и во минатото, не сакам да навлекувам во такви работи. Не треба да го тргнеме вниманието од клучното прашање. Сите знаат што се случуваше во изминатите 23 години во шпанскиот фудбал. Сега обвинителството и полицијата спроведуваат истрага и треба да ги чекаме резултатите“, изјави Анчелоти алудирајќи на скандалот Негреира во кој Барселона е обвинета дека му плаќала мито на поранешниот потпретседател на судиската комисија на Ла Лига за да делегира судии кои би суделе во нејзина корист.

Барселона се правда дека парите кои ги платила на компанијата на Негреира била за консултантски услуги, а не за мито.

- Оглас -

Најнови вести