Екипата на Реал Мадрид после заминувањето на Кристијано Роналдо и Карим Бензема, нема сигурен реализатор на пеналите. Оваа сезона беа досудени четири пенали за Реал и сите четири беа промашени од четворица различни изведувачи.
На пријателскиот меч против Барселона во САД промаши Винисиус, во Ла Лига неуспешни реализатори беа Родриго и Хоселу, а проти в Унион Берлин во Лигата на шампионите, промаши и Лука Модриќ.
Многумина сметаат дека Џуд Белингам треба да биде изведувачот, бидејќи тој ги шутираше пеналите и во Борусија Дортмунд, но сепак Карло Анчелоти не мисли така. Доколку вечерва биде досуден пенал за Реал против Виљареал, шанса да шутира вторпат ќе добие Хоселу.