Анчелоти откри дали Мбапе до крајот на преодниот рок ќе заврши во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер на Килијан Мбапе.

Иако деновите сè почесто се шпекулира за можниот трансфер, Анчелоти за шпанските медиуми изјави дека францускиот репрезентативец летово нема да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Нема ништо од трансферот. Сто отсто нема да го донесеме Мбапе до крајот на преодниот рок. Мислам дека тимот е пополнет за оваа сезона“, изјави Анчелоти.
Мбапе по војната со челниците на ПСЖ, минатата недела беше вратен во првиот тим на Светците, но не ѝ помогна на екипата да слави во последниот меч во Лига 1. ПСЖ одигра 1:1 против Тулуз, а Мбапе го даде голот за својот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести