Анчелоти: Погодивме пет пречки, како да имаше ѕид на голот на Барса, ама подобро сега отколку на официјален меч

После поразот од 0-3 на подготвителниот и не баш пријателски меч против Барселона во Далас, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не беше премногу загрижен и ги бранеше своите играчи кои не успеаја да дадат гол, па дури ни од пенал.

„Добро се движевме, имаме шанси, а лошо е што не бевме добри при прекините во првото полувреме. На крајот бевме премногу офанзивни, без баланс и примивме два гола. Првите 60 минути бевме добри. Чудно е што погодивме пет пречки, мислам дека првпат ми се случува такво нешто, но подобро што тоа се случи во претсезоната. Како да имаше ѕид на голот на Барса. Имаме нов тим, да видиме младите како се адаптираат. На следниот меч, тие што не играа многу денеска, ќе добијат поголема минутажа“ – рече Анчелоти.

Анчелоти после заминувањето на Карим Бензема, најави дека Винисиус и Модриќ ќе бидат први опции за изведувачи на пеналите сезонава. Вини синоќа ја погоди пречката од белата точка.

„Уште тестираме. Модриќ не играше синоќа, затоа може пенали да шутираат Винисиус, Родриго, уште испробуваме. Вини направи грешка вечерва, но тој добро шутира пенали“ – објасни Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести