Анчелоти потврди: Точно е, Бразилците сакаат јас да бидам селектор

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го потврди тоа што извесно време се шпекулира, дека Фудбалската федерација на Бразил сака тој да биде идниот селектор на Кариоките.

„Реалноста е дека сакаат да бидам селектор на Бразил. Но, мора да се почитува мојот актуелен договор со Реал Мадрид кој истекува во јуни 2024 година и кој сакам да го испочитувам до крај. Имам договор и сакам да го одработам до крај бидејќи го сакам овој клуб и овој тим. Се што ќе се случува по истекот на договорот е иднина, а никој не знае што ни носи иднината“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести