За помалу од 10 дена Килијан Мбапе промаши два пенали за Реал Мадрид и Кралскиот клуб во двата меча загуби. Најпрво Мбапе утна на гостувањето кај Ливерпул, кога имаше шанса да израмни на 1:1, но неговиот удар го одбрани голманот на англискиот гол. На крајот Ливерпул славеше со 2:0.
Вечерва Реал Мадрид гостуваше кај Атлетик Билбао и имаше негатива од 1:0 кога беше досуден пенал за Кралевите, а одговорноста повторно ја презеде Мбапе и повторно не реализира, односно голманот на Атлетик Билбао одбрани.
По мечот, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, застана во одбрана на Мбапе.
„Мбапе не е на најдоброто ниво, но ние ќе му дадеме време. Уште се адаптира. Не може целата игра на мечот да ја сведеме само на промашениот пенал. Некогаш се промашува пенал, некогаш се погодува. Треба да продолжиме напорно да работиме“, рече Анчелоти.
Реал Мадрид сега има пет порази во последните 11 меча во сите натпреварувања.
🚨🧤 Julen Agirrezabala saves Kylian Mbappe’s penalty! (@LaLigaEN) pic.twitter.com/q8NdoP83IR
— EuroFoot (@eurofootcom) December 4, 2024