Новата 2026 година во која зачекоривме од синоќа на полноќ, на спортски план ќе биде обележана со Зимските олимписки игри во Милано и Кортина како и Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико.
Но, годинава ќе биде надополнета и со бројни други големи настани, дел од нив ќе ги следиме уште во јануари.
Месецов имаме финиширање на Новогодишна турнеја Четири скокалници во скијачки скокови. На 3 јануари почнува Релито Дакар. Една недела подоцна стартува ЕП во ватерполо во Белград, а македонската јавност со особен интерес ќе го следи Европското првенство во ракомет на кое ќе игра и нашата репрезентација.
На 18-ти јануари е почетокот на Отвореното првенство на Австралија во тенис, а во квалификациите на првиот гренслем годинава ќе се појави и Лина Ѓорческа.
Тука се и фудбалски дербија како Арсенал – Ливерпул и Манчестер јунајтед – Манчестер сити во англиската Премиер лига, Интер – Наполи во Серија А, како и дуели од лигашката фаза од Лигата на шампионите.

