Анчелоти проговори за својата иднина во Реал и дали ќе седне на клупата на Бразил

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред дуелот на Кралевите против Кадис во Ла Лига, зборуваше за својата иднина во шпанскиот гигант.

Речиси сите релевантни спортски медиуми објавија дека Анчелоти има усен договор со челниците на Бразилската фудбалска федерација и дека идното лето ќе стане селектор на Кариоките, додека во Реал Мадрид ја чекаат разврската во сезонава пред да одлучат дали ќе му понудат нов договор.

„Горд сум што за мене се зборува во Бразил. Наскоро нешто ќе се знае повеќе околу мојата иднина. Но, морам да кажам дека до последен момент ќе го чекам Реал“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата пред дуелот со Кадис.

Како негов можен наследник на клупата на Реал Мадрид се споменува поранешниот играч на Реал, Ливерпул и Баерн Минхен, Чаби Алонсо, кој со голем успех го води тимот на Баер Леверкузен.

„Чаби беше фантастичен фудбалер и има одлична тренерска кариера. Многу ми се допаѓа како тренер. Тој заедно со Тијаго Мота ми се омилени меѓу новите тренери. Ги има сите предуслови за да биде тренер на Реал бидејќи го познава клубот и сега го почитуваат тука“, додаде Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести