Анчелоти разочаран, а од Валенсија прашуваат: „А зошто се лутат во Реал Мадрид“

Гол е, не е гол. Вистински хаос се случуваше по мечот Валенсија – Реал Мадрид, кој на крајот заврши 2:2, иако гостите постигнаа и трет гол кој ќе им донесеше победа. Сепак, погодокот на Џуд Белингам не беше признат, затоа што главниот судија Манцано отсвири крај и тоа неколку секунди пред топката да влезе во мрежата.

По мечот, дел од фудбалерите на Реал Мадрид не можеа да се контролираат, па според „Марка“ и „Кадена СЕР“, дури се тепале и со дел од обезбедувањето на стадионот. Највоинствени беа Винисиус Јуниор и Дани Себалјос, а се „истакнаа“ и Чуамени и Рудигер. Французинот Чуамени искрши една камера, а Рудигер го уништи билбордот за интервјуа.

Од Валенсија се чудат зошто се лутат фудбалерите на Реал Мадрид.

„Навистина не разбирам зошто играчите на Реал се толку исфрустрирани. Судијата отсвири крај пред да биде центаршутот на Брахим, односно веднаш откако ја исчистивме опасноста по корнерот“, вели фудбалерот на домаќините, Хуго Дуро.

Истото мислење го дели и тренерот на Валенсија, Рубен Бараха. „Судијата означи крај пред центаршутот. Голот не важи“, рече Бараха.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше многу да ја коментира ситуацијата околу голот, туку за тоа што се случи подоцна. Џуд Белингам доби црвен картон, што значи дека нема да може да игра на следните мечеви за Реал.

„Што да кажам? Нема што тука премногу да се зборува. Нешто чудно се случи. Имавме посед на топката и сметам дека судијата требаше да отсвири крај кога Валенсија ќе ја освоеше топката. Црвениот картон на Белингам повеќе ми пречи. не го опцу, само му рече дека „дека тоа е е*ан гол“, коментираше Анчелоти веднаш по дуелот.

- Оглас -

Најнови вести