Анчелоти: Реал Мадрид и оваа сезона ќе игра во финалето на ЛШ

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изрази оптимизам и самодоверба во интервју за шпанското радио „Ел Ларгеро“ и покрај актуелната криза на тимот во новиот формат на Лигата на шампионите.

Реал моментално се наоѓа на 24-тото место од 32 екипи, со шест освоени поени од пет одиграни натпревари, и се соочува со сериозен предизвик да обезбеди место во плејофот.

„Можете да кажете за Реал што сакате. Но, најважната работа е дека Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите и оваа година”, изјави Анчелоти.

Навивачите на Кралевите беа воодушевени од оваа смела изјава, особено во момент кога тимот се соочува со бројни проблеми. Анчелоти истакна дека претстојните натпревари против Аталанта, Салцбург и Брест се клучни и ќе бараат максимален напор од тимот.

Покрај резултатската криза, Анчелоти се осврна и на проблемите со повреди во тимот.


„Бројот на повреди е неверојатен, но ова не е вина ниту на играчите, ниту на некој друг“, истакна италијанскиот тренер.

И покрај сето тоа, Анчелоти останува уверен дека Реал Мадрид ќе успее да го надмине овој предизвик и повторно да го потврди својот статус на водечка сила во европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести