Анчелоти сепак останува на клупата на Реал Мадрид?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, би можело да остане на клупата на Кралскиот клуб и по завршување на сезоната иако сè почесто се шпекулира дека веќе договорил се со челниците на Фудбалската федерација на Бразил да стане селектор, пишува шпанскиот весник „Ас“.

Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната и според „Ас“, тој наводно го променил мислењето и сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Исто така пред да донесе конечна одлука, Анчелоти планира да се консултира и со семејството.

„Анчелоти се наоѓа во фаза во кариерата во која парите не му се приоритет, туку репутацијата. Него го почитуваат и го обожуваат и луѓето од управата и навивачите. Исто така, бројните афери во Бразилската федерација го оддалечуваат Карло од селекторското столче“, пишува „Ас“.

Анчелоти го предводеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 и од 2021 година повторно седи на клупата на Кралевите, со кои освои 10 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести