Иако Антонио Ридигер го стави во џеб Ерлинг Халанд на првиот меч во Мадрид, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не го стави Германецот во почетниот состав за вечерашното гостување на „Етихад“.
Анчелоти повеќе му верува на Едер Милитао, кој не играше на првиот меч поради суспензија. Милитао и Давид Алаба се стоперскиот тандем на Реал кој е највоигран и на кој Италијанецот најмногу му верува, па се реши на клупа да го остави Ридигер, иако тој успеа да излезе на крај со најопасниот напаѓач на светот, а Милитао во последно време често прави киксеви.
Кај Манчестер сити, стартери се истите 11-мина кои Пеп Гвардиола ги користеше на целиот меч во Мадрид, кога не направи ниту една измена.