Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му изрази бескрајна благодарност на Силвио Берлускони по смртта на поранешниот сопственик на Милан и екситалијански премиер и политичар.
Анчелоти притоа порача дека Берлускони имал одлучувачка улога во неговата фудбалска и тренерска кариера.
„Денешната тага не ги брише среќните времиња поминати заедно“, напиша Анчелоти на својот профил на „Твитер“.
Анчелоти како фудбалер играше за Милан од 1987 до 1992 година, а од 2001 до 2009 година беше тренер на Росонерите.
La tristezza di oggi, non cancella i momenti felici passati insieme. Rimane una riconoscenza infinita al presidente, ma soprattutto ad un uomo ironico, leale, intelligente, sincero, fondamentale nella mia avventura da calciatore prima, e da allenatore poi. Grazie Presidente. pic.twitter.com/aRLSxxzUVz
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) June 12, 2023
„Бескрајна благоданост за претседателот, но пред сè ироничен, лојален, интелигентен и искрен човек, кој има одлучувачка улога во мојата играчка и тренерска кариера. Ти благодарам претседателе“, напиша потоа Анчелоти.
Карло Анчелоти како фудбалер на Милан двапати беше европски шампион (1989 и 1990) и двапати триумфира во Серија А (1988 и 1992). Како тренер освои уште две титули во ЛШ (2003 и 2007) и една во Серија А (2004).