Анчелоти внимателно го следи Фенербахче и му ги собира најголемите таленти

Турскиот гигант Фенербахче, кој има заработка од над 35 милиони евра благодарение на Карло Анчелоти, или може да се каже дека единствениот тренер кој освоил титули во сите топ 5 лиги во Европа и единствен со четири трофеи во ЛШ, го следи Фенер и ги сака неговите мегаталенти.

Анчелоти пред четири години, кога беше тренер на Наполи, даде зелено светло за трансфер на македонскиот фудбалски Дијамант, Елиф Елмас. Наполи за Елмас на Фенербахче му плати 16,2 милиони евра.

Летово повторно тим на Анчелоти, овојпат Реал Мадрид, ангажираше талентиран фудбалер на Фенербахче. Кралскиот клуб плати 20 милиони и тоа без бонуси за Арда Ѓулер и тој ќе се бори за место во првиот тим откако добил ветување од Анчелоти дека нема да го испрати на позајмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести