Анчелоти: За договор од 500 милиони пешки би одел до Саудиска Арабија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата по повод утрешното гостување кај Бетис, беше запрашан дали би прифатил понуда од од Саудиска Арабија од 500 милиони евра каква што доби голферот Џон Рам, што е нов светски рекорд во спортот.

„Пешки би одел до Саудиска Арабија. Не ми треба авионски лет, ќе одам пешки. Се шегувам, секој си го бира патот по кој ќе оди. Светот се менува, не сум изненаден. Не се разбирам многу од голф, но ми изгледа дека Рам е најдобриот од сите“ – рече Анчелоти.

Во врска со лошиот здравствен билтен во тимот, Анчелоти рече дека Лука Модриќ и голманот Кепа утре ќе бидат во составот, Ѓулер и Чуамени се при крај со рехабилитацијата и би можеле да заиграат и пред нова година, а за Карвахал, Винисиус и Камавинга, ќе мора да се почека до јануари за камбек.

Најтешки повреди имаат Куртоа и Милитао. Има најави дека Бразилецот би се вратил во април, а за Куртоа не се знае, во Реал има двајца добри голмани кои сезонава солидно го заменуваат.

- Оглас -

Најнови вести