Андоновски е сведок на најчудниот меч – Фудбалерка на Ливерпул со хет-трик ја искина својата мрежа (Видео)

Влатко Андоновски продолжи да гази како селектор на Соединетите Американски Држави, а вечерва во живо го гледаше неверојатно несреќното гол-шоу на репрезентативката на Нов Заланд, Маикајла Мур.

Дефанзивката на Ливерпул приреди неверојатно шоу и трипати по ред за половина час си ја погоди сопствената мрежа.

Хет-трик автоглови и тоа толку брз, од петтата до 36. минута веројатно не се памети во историјата на женскиот фудбал.

САД победија со 5:0, а Мур го почна шоуто и тресењето на својата мрежа во петтата минута со првиот автогол.

Само 60 секунди подоцна топката ја погоди во глава и Мур пак си ја затресе својата мрежа.

Несреќната Мур пак беше во главна улога и во 36. минута кога пак реагираше несмасно и си го заокружи хет-трикот од автоголови.

По еден гол постигнаа Хач и Пју за убедлива победа на избранилките на селекторот Андоновски.

- Оглас -

Најнови вести