Андов е оптимист пред дуелите со Молдавија: „Целта е победа на двата меча“

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ги започна подготвките за двомечот против Молдавија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Првиот дуел против Молдавките ќе се одигра во петок, во Скопје, додека реваншот е следната среда во Кишињев.

Селекторот Александар Андов е оптимист во пресрет на двата квалификациски натпревари и од нашите фудбалерки очекува да го дадат максимумот и да забележат две победи.

„Нè очекуваат два важни натпревара против Молдавија на домашен и на гостински терен, се подготвуваме максимално, сакаме да го покажеме нашето најдобро светло. Очекувањата за овој натпревар се големи, целта е да се издвојува победа на двата. Ќе одиме чекор по чекор, односно натпревар по натпревар, очекувам да одиграме одличен натпревар тука во Скопје и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови. Ослабени сме со неиграњето на Гентијана Рочи, која се здоби со повреда на последниот натпревар за својот клуб, но од друга страна, ќе претставува одлична прилика за друга фудбалерка која ќе настапи на нејзино место да се покаже во добро светло и да се наметне во репрезентацијата. Овие два натпревари со Молдавија ќе бидат одличен тест за нас и за нашиот потенцијал. Верувам во моите фудбалерки и се надевам дека ќе оствариме две победи“, вели Андов.

- Оглас -

Најнови вести