16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Андре Онана ја жртвува репрезентативната кариера само да биде во Манчестер јунајтед во тешките моменти

Манчестер јунајтед летово плати повеќе од 50 милиони евра за да го доведе голманот Андре Онана од Интер. Онана беше доведен како замена за Давид де Хеа откако челниците на клубот решија дека шпанскиот голман по 12 години поминати на „Олд Трафорд“, веќе не им е потребен.

Онана лошо започна во Манчестер јунајтед и на неколку натпревари имаше очајни одбрани, а англискиот гигант токму поради него и ги губеше натпреварите. Камерунскиот голман сепак верува дека е вистинска опција во Манчестер јунајтед, па дури реши целосно да се посвети на клупската кариера.

Камерунецот реши да не игра на Африканскиот куп на нациите кој ќе биде во јануари следната година. Оваа одлука на Онана ги налути камерунските навивачи, но тој најавил дека сака да се фокусира на кариерата во Манчестер, а јануари е еден од клучните месеци во англиското првенство, па голманот не сака да не биде во составот во тој период.

Во репрезентацијата на Камерун има 34 настапи, а на клупски план Онана освен во Интер, бранеше и во Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести