Манчестер јунајтед се соочува со голем проблем пред стартот на новата сезона, откако нивниот прв избор на голманската позиција, Андре Онана, се повреди. Камерунецот заработил повреда на бутниот мускул веднаш по враќањето на тренинзите во базата во Карингтон, што значи дека ќе биде надвор од терените најмалку седум до осум недели.
Поради повредата, Онана сигурно ќе ги пропушти сите контролни натпревари на подготовките, како и планираната турнеја низ САД. Дополнително, постои сериозна можност тој да не биде целосно фит за првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Арсенал на 17 август.
Ова го принудува менаџерот Рубен Аморим и клубот да размислат за алтернативни решенија на голманската позиција. Во игра се неколку опции, меѓу кои и ангажирање на нов голман на краток рок. Како потенцијални засилувања се спомнуваат имиња како Емилијано Мартинез, Џон од Ботафого и Сене Ламенс од Антверпен, иако финансиските услови би можеле да бидат пречка за реализација на ваква зделка.