Андреј Стојчевски има нов клуб, потпиша за Словачко

Македонскиот фудбалски репрезентативец Андреј Стојчевски го продолжува својот кариерен пат во Словачка. По позајмицата од Жилина, тој во следните шест месеци ќе настапува за Словачко.

Спортски директор на овој клуб е Величе Шумуликоски, поранешниот истакнат македонски репрезентативец, кој успеа да го донесе Стојчевски како засилување за вториот дел од сезоната.

Андреј Стојчевски веќе е промовиран и му се приклучи на новиот тим на подготовките во Медулин, Хрватска.

Досега дефанзивецот има одиграно 53 натпревари за Жилина и има постигнато четири гола.

- Оглас -

Најнови вести