Ја елиминираа Шкендија, сега на мегдан со Рајо Ваљекано

Екипата на Самсунспор, кој првпат во својата историја е во осминафинале на европско натпреварување, а таму влезе преку елиминирање на тетовската Шкеднија, во оваа фаза ќе има битки со мадридскиот Рајо Ваљекано.

Осминафиналните двојки во Конференциската лига се: Кристал палас – АЕК Ларнака, Сигма Оломуц – Мајнц, Лех – Шахтар, Самсунспор – Рајо Ваљекано, АЗ Алкмар – Спарта Прага, Целје – АЕК Атина, Фиорентина – Раков и Риека – Стразбур.

Подобриот од дуелот Самсунспор – Рајо во четвртфиналето ќе се сретне со словенечкиот Целје или грчкиот АЕК.

- Оглас -

Најнови вести