Анри објасни зошто Гвардиола е најдобриот на сите времиња: Нè е се во трофеите

Тјери Анри своевремено важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи. Французинот кој што беше дел од Арсенал и нивниот „непобедлив“ тим, премина во редовите на Барселона.

Таму, ја започна соработката со Пеп Гвардиола кој што тогаш важеше за сè уште неискусен тренер кој потоа го направи своето име во овој занает. Анри со неколку збора објасни зошто според него токму Пеп е најдобриот трренер на сите времиња.

„Еден ден Пеп Гвардиола ми кажа дека најголемиот успех во неговата прва година како тренер не е тоа што успеа да освои тројна титула, туку повикот на Педро и Бускетс за националниот тим на Шпанија.

Тоа е успех бидејќи прва и основна работа на тренерот е да едуцира и да го направи фудбалерот подобар фудбалер на теренот со секој тренинг, но и надвор од него.

Затоа Пеп според мене, иако можеби има само две титули во Лигата на шампионите, е најдобар тренер на сите времиња, бидејќи нè е се во трофеите“ изјави Анри.

Французинот за Барса настапуваше од 2007 до 2010 година кога на 80 настапи постигна 25 погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести