Ангелов дебитираше во Романија, Волунтари ја продолжи црната серија

Виктор Ангелов дебитираше за новиот клуб Волунтари, ги одигра последните десеттина минути, но не успеа да помогне да се запре црната серија од 8 меча без победа на романскиот тим во Првата лига.

Членот на златната генерација млади македонски репрезентативци што имаше историски настап на европското првенство во Полска пред некој ден направи трансфер во Волунтари од Широки Бријег и денеска против УТА Арад ги одигра и првите минути.

Ангелов влезе во игра во 83. минута, а неговиот тим загуби со 0:1 со примен гол во 94. минута. Волунтари се бори за опстанок и има само 15 бода на 14. место, колку што имаат и претпоследниот Арѓеш и фенерџијата Поли Јаши.

 

- Оглас -

Најнови вести