Ангеловски и Вајс имаат мака со минутажата – Американците и прават проблеми на Грузија

Македонија и Грузија имаат слични проблеми пред дуелот на 12. ноември во Тбилиси што ќе одлучува за историски настап на една од двете репрезентации на Европското првенство што ќе се игра идната година.

Победникот во нокаут меч за првпат ќе игра на големо натпреварување што го чекаат 3 децении. Игор Ангеловски истакна дека проблем е што Стефан Ристовски не игра за Спортинг Лисабон, откако по казна поради одбивање на трансфер во Динамо Москва е префрлен во вториот тим и не игра за Лавовите.

Минутажа немаат ниту Илија Несторовски во Удинезе и Александар Трајковски во Мајорка, што е хендикеп за македонската репрезентација. Ист е проблемот со малата минутажа на Зајков во Шарлроа, Велкоски во Сараево и Стојановски во Шамбли.

Исти проблеми има и Владимир Вајс, Словакот на клупата на Грузија, па и домашната селекција има репрезентативци кои не се стандардни во клубовите, или имаат мала минутажа, а секако за нив е проблем и што нема да игра најталентираниот грузиски играч Ѓорѓи Чакветаѕе поради повреда.

Маката за Вајс доаѓа од МЛС лигата, а проблематична е формата на Валери Казаишвили и на Гурам Кашија, фудбалери на Сан Хозе ртквејкс. Казаишвили, односно популарниот Вако играше на вториот од двата дуели против Македонија, во Скопје и покажа дека е една од важните алки во грузиската репрезентација.

Офанзивецот малку игра за Сан Хозе и од 22 меча што ги одигра клубот во МЛС лигата, Вако настапши само на пет. Ист број на натпревари за истиот клуб има и стоперот Кашија, па тој иго загуби местото во почетната постава на Грузија и не настапи на двата меча против нас.

Кашија е репрезентативецот на Грузија со најмногу мечеви, 80 за националниот состав, веднаш зад капитенот Јаба Канкава со 90 настапи и неговото отсуство секако ќе биде хендикеп за домаќините, а формата му е голем противник за настап против Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести