Ангеловски: Не смеевме да калкулираме, а и примивме многу наивен гол

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски по поразот од Ерменија со 0-1 во Никозија, изјави дека, за жал, нашиот тим калкулирал и тоа се покажало како грешка. Ангеловски жали што не беше искористена добрата игра во првото полувреме.

„Не смеевме да калкулираме. Пред мечот реков дека не треба да калкулираме, а не го направивме тоа. Штета што не се пласиравме во Лига Б, штета што не ја искористивме иницијативата во првото полувреме. Честитки за Ерменија, сепак ние сме на Европско првенство“, изјави Ангеловски.

„Примивме наивен гол, и тоа од нивната единствена шанса на овој меч, кога само со тројца фудбалери беа во нашата половина. Кога ќе загубиш, не е убаво чувството, но разберете ги фудбалерите, не е лесно да се играат олку мечеви за кратко време. Имавме и принудни измени, Стојановски и Ристовски се повредија, мора да се помириме дека не може да се добие секој натпревар“ додаде Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести