Македонија не стигна до Сегментот Б, една грешка нè чинеше пораз од Ерменија

Македонија не успеа да се пласира во Сегментот Б во Лигата на нациите по вечерашниот поразот со 0:1 од Ерменија во Никозија.

Клучен момент беше голот на ексвардарецот Хофханес Хамбарѕумјан во 55-тата минута, доволно за победа на директниот ривал и за прво место во втората група од Сегментот Ц.

Македонија доминираше во првото полувреме, но не издржавме, а една грешка скапо нè чинеше. Во 55-тата минута популарниот Хоф остана сам на десната страна и упати удар кон голот на Шишковски, а топката се одби од ногата на Стојановски и заврши во нашата мрежа.

Потоа се обидовме да израмниме и да стигнеме до првото место, но не ни успеа, иако во поголемиот дел од мечот во Никозија одигравме солидно.

Македонија со поразот вечерва ја прекина и серијата без неуспех што траеше од ноември лани, а Ерменците одат во повисок ранг на натпревари во Лигата на нациите заедно со Албанија и Црна Гора, а вечерва од 20.45 часот последниот патник во Сегментот Б ќе биде познат по дуелот меѓу Грција и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести