Ангеловски: Сега сме учесници на ЕП, обврска ни е да победуваме

Македонија е веќе на Европското првенство што ќе се игра идната година, но имаме уште многу мотиви и желба за континуитет на успеси, па селекторот Игор Ангеловски верува во триумф против Естонија, утре во Скопје.

„Главна цел ни беше да се пласираме на ЕП, но секако сакаме да бидеме пак први во Лигата на Нации. Имаме доволно и свежина и квалитет за да одиграме нов добар натпревар и да забалежиме нов успех.

Мора да не мотивира и можноста да бидеме двапати шампини во Лигата на Нации. Сега сме веќе и учесници на ЕП што на целата ситуација и дава нова тежина,но и обврска да продолжиме да победуваме. Доволно време сме заедно и иако ќе бидеме ослабени без Пандев, Алиоски, Димитриевски и Адеми, имаме се што е потрребно за да ги освоиме бодовите и да останеме во трка за првото место во групата“ вели Ангеловски.

Мечот ќе се игра утре во Скопје со почеток во 15 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести