Англиската фудбалска репрезентација загуби две големи финалиња во период од три години и остана да сонува за трофејот на Европското првенство кој никогаш го нема освоено. Цели 58 години Гордиот Албион чека да се израдува на значаен пехар, но останува да се сеќава само на успехот од 1966 година, кога прв и единствен пат беше светски првак.
Токму фактот дека последните две ЕП ги завршуваат со разочарувачки порази во финалето, во англиската јавност сè погласни се најавите дека селекторот Герет Саутгејт треба да си замине. Саутгејт има важечки договор, но прашање е дали ќе го издржи притисокот од јавноста, која е разочарана.
Во најскоро време се очекува Гордиот Албион да добие нов селектор, а тамошните медиуми тврдат дека прв избор е Еди Хау. Тоа е тренерот на Њукалс, кој имаше одлична сезона со премиерлигашот, а претходно имаше успех и со работењето во Борнмут.
Сепак, засега нема ништо официјално, Хау нема добиено понуда од челниците на Федерацијата. Саутгејт е под притисок и критики од јавноста, а еден од оние кои јавно кажа дека треба да си замине селекторот е Рио Фердинанд.
„Морате да погледнете колку талентирани играчи имаме, но имам чувство дека не се распоредени на вистинските позиции. Мислам дека селекторот треба да понесе одговорност зошто е тоа така. ФА мора да донесе голема одлука“, реагираше некогашниот англиски репрезентативец.
Освен Хау, како наследници на Саутгејт се споменуваат и Грем Потер и Томас Тухел.